Tuesday, May 31, 2016

Мода меѓу редови.

" Образованието е најмоќното оружје што може да го смени светот. На подобро или полошо треба самите да одлучиме! "

Денеска ви претставивме дел од нашата работа изминатите неколку месеци и се надевам дека добро ја испрезентиравме.. Зборувавме за тоа дека никој не треба да создаде перспектива за да ја следиме туку таа се создава според визијата на младиот човек. Кажувајки ви дека иднина не постои пред да се создаде визија, јасно ви ја прикажавме нашата.














Нашата имагинација и креативност ја насочивме кон тоа да покажеме колку вреди пишаниот збор, а присутните ги потикнавме да размислуваат за прашањето: "Дали живееме во проклето стереотипно општество?"






Ве повикавме заедно со нас да се упатиме кон нашите светли пристаништа каде што не чека убавината на светот, да не спаси нас. А, потоа и ние него.. Да продреме во тврдата лушпа на човековото јас и со помош на книгата и духовната сила во нас, за да го пронајдеме богатството на животот.






Затоа многу пати се рекло дека голема несреќа е кога човек не знае што сака, а вистинска катастрофа е кога не знае што може.








Заедно докажавме дека можеме, можете и вие!  

 Ние сме суштества како и сите други на светов, суштества кои имаат душа, срце кое чука, ум кој работи.

Ние сме само тронка од светов, тронка која самата за себе си има своја големина.

Да, ние сме само скитници, пантици, талкачи на земјава...

А ДАЛИ ВИЕ СТЕ НЕШТО ПОВЕЌЕ??




With love, Team IKBKG